Најдобрата македонска машка ракометна репрезентација денеска со жрепка ги дозна противниците во квалификациите за пласман на следното Европско првенство во 2026 година.
Следниот континентален собир ќе се организира во три држави: Данска, Шведска и Норвешка. Нашите најдобри ракометари ќе играат во квалификациската група „1“ со репрезентациите на Словенија, Литванија и Естонија.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Селекторот Кирил Лазаров смета дека Македонија во ваква конкуренција има добри шанси за пласман на Европското првенство.
„Задоволен сум од ждрепката. Мислам дека имаме реални шанси да се пласираме на следното Европско првенство. Не смееме во ниту еден случај да ги потцениме селекциите на Естонија и на Литванија.
Додека со Словенците ќе пробаме да издвојуваме барем една победа, знаеме дека се работи за квалитетен национален тим кој што успеа да обезбеди Олимписка виза за Париз 2024 година“.