Дома Македонски спорт Мак ракомет Лазаров: Имавме многу проблеми на подготовките, добро ни дојде победата

Лазаров: Имавме многу проблеми на подготовките, добро ни дојде победата

Македонската ракометна репрезентација ја забележа третата победа во третиот контролен меч, откако со пресврт славевме над Израел од 31-28. 

Македонија не импресионираше но дојде до триумф со добрата игра во вториот дел, иако на полувреме имавме негатива од 15:14.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


„Имавме повеќе проблеми на подготовките. Имавме 10 од 12 играчи кои имаа вирус, но го поминавме тоа. Пешевски се приклучи на тимот по Нова година и доби температура, меѓутоа мислам дека утре ќе има тренинг. Не сакавме да ризикуваме со него и тој е еден од ракометарите кои се соочија со вирусот“, изјави Лазаров.

„Израел ме изненади, иако го анализиравме. Видовме дека едно е на видео, друго на терен. Можеби не се од наш ешалон, селекција која игра на Европско првенство, ама се блиску до таа граница. Имавме слаби и силни страни. Ние тукушто се комплетиравме и добро ни дојде победата. Резултатот е позитивен и имаме време да ги поправиме недостатоците. Се приклучија Миркуловски, Кузмановски и еве Пешевски, па имаме уште седум-осум дена да тренираме комплетни, со што ќе ги поправиме недостатоците“, додаде Лазаров.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Македонија ѝ пресуди на Литванија и ќе игра на ЕП 2026

Ракометната репрезентација на Македонија направи се пласира на Европското првенство (ЕП) в…