Поранешниот фудбалер на Наполи, Езекиел Лавеци веќе неколку години игра во Кина во дресот на Хебеи.
Лавеци најдобрите денови од својата кариера ги помина играјќи за Наполи и ПСЖ, а на почетокот на 2016 година ги изненади сите со одлуката кариерата да ја продолжи во далечната Кина.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Овој 34 годишен фудбалер веќе скоро четири години настапува во Кина, каде заработи 100 милиони евра, а денес и официјално замина во пензија.
Лавеци во професионалниот фудбал дебитираше во дресот на Естудијантес, а во кариерата играше уште за Џенова, Сан Лоренцо, Наполи, ПСЖ и Хабеи.
— Ezequiel Lavezzi (@PochoLavezzi) December 13, 2019