Дома Македонски спорт Мак баскет КФСМ го казни МЗТ и директорот Грнчаров поради коментари на социјалните мрежи

КФСМ го казни МЗТ и директорот Грнчаров поради коментари на социјалните мрежи

Претседателот на кошаркарската федерација Перо Антиќ го казни МЗТ и директорот на овој клуб Тони Грнчаров поради коментари на социјалните мрежи.

МЗТ како клуб е казнет со 300.000 денари, додека Грнчаров добил двегодишна суспензија.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Кошаркарската федерација на С. Македонија (КФСМ) денеска, дури еден месец подоцна, го информира нашиот клуб дека Дисциплинската комисија (ДК) на 8 октомври донела одлука да го казни МЗТ Скопје Аеродром со 300.000 денари, а директорот Тони Грнчаров со двегодишна суспензија и тоа за објави на социјалните мрежи, што е нешто што досега не е видено не само во макбаскетот туку и во спортот кај нас во целост.

Ваквата одлука, на која би им завиделе дури и во земја како Северна Кореја, каде што демократијата, човековите права и слободата на говор се еднакви на нула, е донесена по пријава на Перо Антиќ, првиот човек на македонската кошарка, кој по некоја „случајност“ е прв меѓу еднаквите во Управниот одбор, кој самиот го предлага, а кој потоа ги избира членовите на ДК. Подобра потврда на народната „Кадија те тужи, кадија те суди“ не може да се најде ниту во најдобрите епизоди од „Македонските народни приказни“, oбјавено е во соопштението од МЗТ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Литванскиот селектор пред натпреварот вечерва: Дознавме како игра Македонија!

Вечерва во Скопје, Римас Куртинаитис ќе дебитира на селекторската позиција во литванската …