Васко Атанасов и во следниот период од клупата ќе го предводи тимот на МЗТ Скопје Аеродром.
За 30-годишниот стратег ова ќе биде втора сезона која од самиот старт ќе ја почне како прв тренер, а вкупно трета со оглед што шансата за предводење на сино-белата чета ја доби пред крајот на сезоната 2022/23.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Атанасов веќе има две шампионски титули со клубот од Аеродром, како и еден трофеј од Купот на Македонија, освоен во февруари годинава на завршниот турнир во Битола. Зад него е и претходно е искуство од самостојно водење екипи и тоа со БАС Академи, Струмица и молдавскиот прволигаш Адмиралс.