Дома Фудбал Италија Кутроне за дуелот против Меси: Можев да го гледам само на Плејстејшн

Кутроне за дуелот против Меси: Можев да го гледам само на Плејстејшн

Нова ѕвезда на Милан, Патрик Кутроне оваа сезона е најпријатното изненадување во Серија А, па заработи и повик за италијанската репрезентација.

Младиот голгетер ќе биде дел од италијанската репрезентација за пријателскиот дуел против Аргентина.
Кутроне така ќе има можност да игра против Меси, за кого вели дека до сега го гледал само на Плејстејшн.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


„За мене, Меси беше лик од Плејстејшн. Само таму го имав видено и играно со и против него. Ќе биде неверојатна чест да се игра против него, бидејќи тој е фудбалот“, изјави Кутроне.

Кутроне пред сезоната беше прекомандуван во првиот тим на Милан и оваа сезона со своите настапи ги изненади сите и веќе има постигнато 15 гола во сите натпреварувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Интер славеше во Минхен, Реал прегазен во Лондон

Во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите, Арсенал се издвои со убедлива п…