Филипе Кутињо во јануари направи изненадувачки трансфер од Барселона во Астон Вила.
Бразилецот не ги оправда очекувањата на „Камп Ноу“ и се врати во Премиер лигата, каде ќе го носи дресот на Астон Вила на позајмица со крајот на сезоната.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Бразилецот не ги оправда очекувањата на „Камп Ноу“ и се врати во Премиер лигата, каде ќе го носи дресот на Астон Вила на позајмица со крајот на сезоната.
Астон Вила има опција да го откупи Кутињо за 40 милиони фунти, но проблем е огромната плата која ја добива Бразилецот, која клубот од Бирминген не може да му ја дава.
Таквата ситуација сака да ја искористи Арсенал, кој од поодамна покажува интерес за Кутињо, а и сумата од 40 милиони нема да им претставува проблем.
„Топџиите“ веќе стапиле во контакт со агентот на Бразилецот и работат на негов трансфер на „Емирати“.