Дома Фудбал Репрезентации Кутињо: Никој не знае каде ќе играме следната сезона

Кутињо: Никој не знае каде ќе играме следната сезона

Репрезентацијата на Бразил вчера го одигра натпреварот против Венецуела во второто коло од групната фаза кој заврши без голови.

Ова издание на Копа Америка се игра токму во Бразил, а „Кариоките“ ниту овој пат не ги воодушевуваат своите фанови. Во првото коло против Боливија иако победија со 3:0 добија свирежи од трибините.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Против Венецуела беа големи фаворити, но на крајот натпреварот заврши без голови. Сепак, еден од подобрите во редовите на Бразил беше Фелипе Кутињо кој прикажува добри настапи и покрај лошата сезона која ја имаше во Барселона.

После вчерашниот натпревар Кутињо беше најинтересен за новинарите, а еден од нив го праша каде ќе игра следната сезона, односно дали останува во Барселона. Бразилецот даде интересен одговор.

„Не знам каде ќе играм следната сезона. Тоа никој не го знае“, кратко одговори Кутињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

„Газета дело Спорт“: Јувентус го избрал наследникот на Алегри!

Tијаго Мота одлично ја води Болоња и тој е желба на повеќе клубови, но според последните н…