Дома Македонски спорт Мак фудбал Куп на Македонија: Шкендија најубедлива, „покер“ на Брегалница, Вардар го доби Скопје на пенали!

Куп на Македонија: Шкендија најубедлива, „покер“ на Брегалница, Вардар го доби Скопје на пенали!

Денес во македонскиот фудбал во рамките од купот се играа натпреварите од осминафиналето.

Најубедлива победа денес запиша Шкендија која многу брзо го реши прашањето на победникот во дуелот со Ренова. Домаќините четири гола постигнаа во првото полувреме. Отворија преку Мерџани уште во четвртата минута, а Шала зголеми на 2:0 после 20 минути игра. Во самиот финиш од првиот дел Хебај се запиша во листата на стрелци, додека Шала го остигна својот втор гол за веќе убедливи 4:0. Кога работите веќе беа јасни во второто полувреме до втор гол стигна и Хебај за конечни 5:0.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Шкупи на домашен терен во Чаир го елиминираше Тиквеш. Голот на Матеј Цветановски во првото полувреме беше ревачки на овој дуел.

Брегалница немаше проблеми и дојде до победа од 3:0 дома против Охрид. Резултатот на оваа средба беше отворен после половина час игра преку Џокиќ и тоа беше единствениот гол во првото полувреме. Во второто дефанзивецот на Охрид Дарко Цветановски си постигна комичен автогол (тука) за зголемување на водството на Брегалница. Кудијан на 20 минути до крајот се погрижи за 3:0, за Мартин Стојанов да ги постави конечните 4:0.

На четири средби: Академија Пандев – Македонија Ѓ.П (1:1), Вардар – Скопје (0:0), Струга – Борец (1:1) и Пелистер – Работнички (0:0) победникот се решаваше на пенали. Во четвртфиналето место обезбедија: Пелистер, Вардар, Македонија Ѓорче Петров и Струга.

Фото: Шкендија

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Во Италија ќе има и трет преоден рок

Во Италија од наредната година би можел да биде воведен и трет преоден рок. Причина за ово…