Дома Фудбал Англија Купија 37 напаѓачи за девет години, а тие одиграа 920 натпревари и поситгнаа само 199 гола

Купија 37 напаѓачи за девет години, а тие одиграа 920 натпревари и поситгнаа само 199 гола

Марко Арнаутовиќ го напушти Вест Хем и одлучи кариерата да ја продолжи во Кина, а од лондонскиот клуб се очекува добро да се засилат во нападот.

Меѓутоа Вест Хем во претходните десетина година покажа дека баш и не знаат да погодат кога е купувањето на напаѓач во прашање. Англиските медиуми направија интересна статистика поврзана со напаѓачите кои играа за Вест Хем во претходните девет години.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Неверојатно звучи дека Вест Хем од јануари 2010 година до денес доведе дури 37 напаѓачи кои потфрлија. Бројките покажуваат дека биле апсолутни промашувања.

Секако, најмногу се издвојува Енди Керол кој дојде за голема сума и не покажа ништо. Покрај него тука беа уште Демба Ба, Мауро Зарате, Лукас Перез и многу други. Во овој момент во тимот се Чичарито и Џордан Хугл.

Тие 37 напаѓачи кои ги доведе Вест Хем во претходните девет години одиграа 920 натпревари и успеаа да постигнат само 199 гола што е навистина премалку.

За Вест Хем играа: Паулиста, Петриќ, Кол, Гордон, Бориело, Зарате, Валенсија, Сако, Нене, Јелавиќ, Мартинез, Флечер, Заза, Арнаутовиќ, Хернандез, Хугл, Афолајан, Лукас Перез, Мекарти, Мидо, Јан, Барера, Пикионе, Обиња, Демба Ба, Кин, Белдок, Монтенегро, Диксон, Мајнард, Ваз Те, Маига, Керол, Магире и Шамак.

Најмногу голови постигна токму Керол (34), но одигра дури 142 натпревари. Зад него е Сако со 24, Арнаутовиќ со 22…Поголем дел од напаѓачите на оваа листа воопшто и не запишаа во листата на стрелци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

ПСЖ и Дортмунд се први полуфиналисти во ЛШ

Пари Сент Жермен и Борусија Дортмунд обезбедија полуфинале откако вечерва беа подобри од Б…