Дома Фудбал Лига на шампиони Кунде му „фаќа“ сеир на Челзи: За малку ќе им се придружев…

Кунде му „фаќа“ сеир на Челзи: За малку ќе им се придружев…

Најголемото изненадување во вчерашните натпревари од Лигата на шампионите беше поразот на Челзи на „Максимир“ од Динамо Загреб.

Хрватскиот гигант го совлада премиерлигашот со 1:0 со голот на Мислав Оршиќ, а нашиот Адеми беше прогласен за играч на натпреварот. По овој пораз сеир на „сините“ им „фати“ и нивното несудено засилување Жил Кунде.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Кунде во летниот преоден рок беше блиску до преселба во Челзи, но на крајот заврши во Барселона.

„За малку ќе им се придружев“, искоментира Кунде со фотографија како се држи за глава.

Барселона денес го игра својот натпревар во првото коло од најелитното европско натпреварување против Викторија Плзен на домашен терен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Гвардиола збесна поради судиите по новиот кикс на Манчестер Сити

Манчестер Сити испушти предност од два гола и одигра само 2:2 на гостувањето кај Тотенхем,…