Дома Фудбал Останато Куман се пожали: Не добив ист третман како Чави, не одам на „Камп Ноу“ додека е Лапорта таму

Куман се пожали: Не добив ист третман како Чави, не одам на „Камп Ноу“ додека е Лапорта таму

Холандскиот стратег, Роналд Куман кон крајот на минатата година доби отказ во Барселона, а очигледно тоа тешко му паднало.

Куман не се прослави на тренерската клупа и после серијата лоши резултати претседателот Лапорта одлучи да го отпушти. Холанѓанецот беше лут и изненаден што Лапорта му даде отказ затоа што неколку недели претходно јавно му пружи поддршка и му кажал дека не размислува за промена на тренерот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Но, она што посебно го налутило Куман е што Лапорта место него на клупата го довел Чави. Куман се уште живее во Барселона, меѓутоа нема намера да оди на „Камп Ноу“ додека Лапорта е на чело на Барселона.

„Лапорта повеќе пати ми кажа дека Чави не е негов трене и дека му недостасува искуство. Нема да одам на „Камп Ноу“ подолго време, не можам да се правам дека е се во ред додека е овој претседател на чело на клубот“.

Смета дека Чави има подобра ситуација од него.

„Јас работев со многу повреди. Педри и Дембеле се сега тука и се изгледа навистина добро. Не добив ист третман како Чави. Мило ми е што работите одат на подобро за клубот. Среќен сум за некои играчи, посебно за Френки Де Јонг кој конечно игра на ниво“.

„Поради управата морав да се согласам да бидат продадени некои важни играчи, економската ситуација беше лоша. Меѓутоа после заминувањето на Меси гледате дека купија некого за 55 милиони“, изјави Куман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Аморим: Јас сум вистинскиот човек за Манчестер Јунајтед🎥

Рубен Аморим денес ја имаше првата пресконференција како тренер на Манчестер Јунајтед. Амо…