Роналд Куман е свесен дека со лош резултат вечерва против Динамо Киев Барселона веќе ќе биде на излезни врати од ЛШ.




Холанѓанецот е под притисок од почетокот на сезоната поради слабите резултати, посебно на европска сцена каде што Барселона има порази во двата одиграни натпревари.




Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
„Пред нас е важен натпревар и играме за нашата иднина во ЛШ. После двата порази, сега мораме да победиме, немаме друго решение. Се обидуваме да го стигнеме нивото на другите тимови со млади играчи и фудбалери кои се враќаат од повреди. На вистинскиот пат сме, сепак има разлика меѓу нас и најсилните тимови во овој момент“, изјави Куман.
Барселона е последна во својата група без освоен бод.