Холандскиот фудбалер Теун Копмајнерс ќе го пропушти Европското првенство поради повреда, соопшти денеска Фудбалскиот сојуз на Холандија.
Тој се повреди на загревањето пред последниот подготвителен натпревар на Холандија против Исланд пред почетокот на Европското првенство.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Шампионатот поради повреда ќе го пропушти и Френки Де Јонг, потврди претходно селекторот на Холандија Роналд Куман, а денеска наместо него го повика играчот на Борусија Дортмунд, Јан Матсен.
Отсуството и на Компјанерс значи дека средниот ред на Холандија ќе биде значително ослабен на овој турнир бидејќи станува збор за двајцата најважни фудбалери за Куман во средината.
Првиот натпревар на првенството Холандија го игра против Полска во недела, а во нејзината група се уште Франција и Австрија.