Дома Фудбал Останато Куман: Лапорта ми кажа дека се работи на проблемот со Меси

Куман: Лапорта ми кажа дека се работи на проблемот со Меси

Навивачите во Барселона од 1. јули чекаат на објава дека е продолжен договорот на Меси, но тоа се уште не се случува и Аргентинецот официјално во овој момент е слободен играч.

Во овие моменти се водат преговори, а Лапорта се обидува да пронајде финансии за да може да го задржи Меси. Тренерот Куман верува дека претседателот Лапорта ќе успее да ја среди ситуацијата, но во исто време е и загрижен.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


„Кога не работите не се одвиваат во правец како што сакате има простор за загриженост меѓутоа верувам дека Лапорта ќе пронајде начин да го реши овој проблем. Многу е важно за клубот да се реши ситуацијата, најдобриот играч во светот мора да остане. Сите треба да направат напори. Во последниот разговор Лапорта ми кажа дека се работи на проблемот, па чекаме на добри вести“, изјави Куман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Десетмина од Ман Сити храбро се бореа, но немаа шанси против Реал Мадрид

Манчестер Сити загуби со 1:2 на реваншот од 1/8-финалето на Лигата на шампионите против Ре…