Дома Фудбал Останато Куман: Другите тимови треба да бидат среќни што ќе играат против Јувентус и Барселона

Куман: Другите тимови треба да бидат среќни што ќе играат против Јувентус и Барселона

Тренерот на Барселона, Роналд Куман денес зборуваше за ривалите во групната фаза од Лигата на шампионите каде што неговиот тим ќе игра против Јувентус, Динамо Киев и Френцварош.

За Куман нема дилеми, Барселона и Јувентус се тимовите кои мораат да се пласираат во следната фаза.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Треба да бидеме реални и да сме задоволни од ждребот. Барселона и Јувентус се најдобри во групата. Другите тимови треба да се среќни што ќе играат со нас и Јувентус. Изговори не смее да има, Јувентус и Барса мораат да се пласираат понатаму“, изјави Куман.

Натпреварот помеѓу Барселона и Јувентус привлекува посебно внимание поради дуелот на Меси и Роналдо, но и средбата на Артур и Мело со своите поранешни клубови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Дортмунд „фрли око“ на талентот на Барселона

Според извештаите на весникот Спорт, Борусија Дортмунд покажала интерес за Гије Фернандез,…