Ракометната репрезентација на Македонија денес се собра во хотелот „Александар Палас“ во пресрет на натпреварите со Египет кои ќе бидат подготовки за Европското првенство кое ќе се игра во јануари.
Не се пристигнати сите репрезентативци, а тука е еден од оние од кој се очекува да имаат голем придонес во играта, Филип Кузмановски.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„За некои играчи ова ќе биде последно првенство. Колку што следам можам да забележам квалитет во македонската лига и тоа се гледа на теренот. Египет за мене е идеален противник во ЕХФ неделата, навистина добро се развиваа во последните години. Ќе имаме прилика да одработимек добар тест пред ЕП“.
Кузмановски очекува чекор напред ов квалитетот.
„Може да го следиме примерот на Египет, иако мислам дека нашиот систем со Лазаров може да биде подобар. Во кариерата Лазаров имаше соработка со врвни тренери и очекувам да играме добра промена во нападот и одбраната. Сигурно дека ќе пробаме нешто ново со Египет, меѓутоа и нема се да откриеме пред првенството“, изјави Кузмановски.