Дома Фудбал Останато Крај на една голема ера: Рафаел Надал најави повлекување!

Крај на една голема ера: Рафаел Надал најави повлекување!

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал денеска објави дека следниот месец става крај на својата богата кариера.

Преку видео порака Надал објави дека последниот настап ќе го има на Дејвис-купот во Малага од 19 до 24 ноември.

Се најавуваше претходно дека Надал може да одигра неколку турнири во 2025 година и ќе се пензионира на Ролан Гарос, но проблемите со повредата го натераа предвреме да се повлече.

Во последните две години Надал имаше само 23 настапи, меѓутоа тоа не може да ја намали неговата големина и сè што направи во тенисот во изминатите години. Низ кариерата Шпанецот освои дури 22 грен-слем трофеи, а 14 од нив на Ролан Гарос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Морничав случај во Загреб: Пронајдени човечки остатоци, се сомнева дека припаѓаат на поранешен ММА борец

Загрепската полиција истражува случај откако при работи на простор на една фирма беа прона…