Вечерва со почеток во 20:45 во Лигата на шампионите започна натпреварот кој сите го очекуваа, Реал Мадрид го пречека Пари Сен Жермен.
Светот очекуваше голови и напаѓачка игра од двата европски гиганти, а во првите 10 минути повеќе се играше на средината и едните и другите доаѓаа до голот на противникот, но без посериозни шанси.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Многу не се промени и во продолжение од натпреварот. Интересно беше што судијата Роки првиот жолт картон на натпреварот му го покажа на Бразилецот Нејмар.
Во 33 минута стигна ПСЖ стигна до предност во првата посериозна шанса и тоа преку Рабиот, неколку моменти претходно Роналдо пропушти голема прилика.
До крајот на полувремето Реал започна да се заканува, а во 43 минута беше досуден и пенал за „кралевите“ кој во гол го претвори Кристиано Роналдо.
Вториот дел започна со иницијатива на ПСЖ, прво спасуваше Кејлор Навас, а потоа ударот на стрелецот на првиот гол Рабиот шутираше, а опасниот удар го изблокира Серхио Рамос.
Рамос повторно во 71 успеа да го спаси голот на Навас, шутираше Кимбампе од непосредна близна, но капитенот на „кралевите“ успеа да стигне да го изблокира ударот. Неколку минути подоцна Роналдо се закани со удар од далечина, но Маркињос го изблокира неговиот удар.
Иако Пари Сен Жермен беше подобар противник, Кристиано Роналдо во 82 по малку среќно по топката на Асенсио успеа да погоди за 2:1. Последниот удар на „светците“ им го зададе Марсело за победа од 3:1 и одличен резултат пред реваншот во Париз за седум дена.
Во вториот натпревар оваа вечер кој беше во сенка на долгогочекуваниот дуел помеѓу Реал Мадрид и ПСЖ, Ливерпул го декласираше Порто со убедливи 0:4.
„Црвните“ стигнаа до предност уште во 25 минута преку Мане, а само четири минути подоцна Салах зголеми на 0:2. Тоа беше и резултатот со кој се замина на полувреме. Избраниците на Клоп во вториот дел продолжија во ист стил, Мане зголеми на 0:3, Фиримно беше стрелец за 0:4, а конечните 0:5 ги постави Мане со својот трет погодок на натпреварот.