Дома Фудбал Лига на шампиони Кој играч го носел дресот на сите четири клуба кои играат вечерва?

Кој играч го носел дресот на сите четири клуба кои играат вечерва?

Вечерва се играат преостанатите два први четвртфинални натпревари во Лигата на шампионите. На „Амстердам Арена“ Ајакс ќе ги одмери силите со Јувентус, додека на „Олд Трафорд“ Манчестер Јунајтед во дербито на вечерта ќа ја пречека Барселона.

Еден фудбалер кој никогаш не играл во финалето настапувал за сите четири клуба (Јувентус, Ајакс, Барселона, Манчестер Јунајтед). Погодувате станува збор за еден од најдобрите напаѓачи на денешницата – Златан Ибрахимовиќ!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ибрахимовиќ дресот на Ајакс го носеше од 2001 до 2004 година потоа направи трансфер во Јувентус каде што се задржа до 2006 година кога клубот поради скандалот „Калчополи“ беше исфрлен во Серија Б. Швеѓанецот не сакаше да игра во втора лига и го напушти клубот. Летото 2009 година во спектакуларна размена во која беше вклучен Камерунецот Самуел Ето се пресели во Барселона.

Во Барселона немаше голем успех. Каталонија ја напушти после само една сезона поради лошиот однос со Пеп Гвардиола. Член на Манчестер Јунајтед кој барем засега беше неговиот последниот последен европски клуб стана во јули 2016. Играјќи за „црвените ѓаволи“ доживеа тешка повреда на коленото.

После Манчестер Јунајтед се пресели во МЛС лигата во тимот на Лос Анџелес Галакси каде што настапува и денес.

Инаку, Лигата на шампионите не е натпреварување кое му „лежи“ на Ибрахимовиќ. Иако во кариерата играше за големи клубови Ибра никогаш не играл едно финале во најелитното европско натпреварување. Со Манчестер Јунајтед триумфираше во второт по ранг натпреварување во Европа, Лигата на Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Ван Нистерлој добива понуда од Премиер лигата

Руд ван Нистерлој беше помошник на Тен Хаг во Манчестер Јунајтед, а потоа и на четири меча…