Минатиот викенд во Битола се одигра натпреварот помеѓу Пелистер и Академија Пандев. На трибините на овој меч се појавија неколку „познати фаци“, а еден од нив беше и селекторот на младинците Драган Канатларовски – Цапар.
Цапар од неодамна, по назначувањето на Боби Милевски за селектор на „А“ репрезентацијата ги презема младинците каде што дојде нова генерација за циклусот квалификации за Европското првенство кое неодамна започна.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кого следеше посебно Цапар во Битола?
На теренот се појавија неколку играчи кои веројатно беа под „лупа“ на У21 селекторот и причина за неговото следење на овој натпревар.
КРСТЕВСКИ ВАНЕ
Во редовите на Академија Пандев настапува Крстевски Ване кој беше дел од последната прозивка во селекцијата кај Дашмир Беари до 19 години. Селекциите У19 и У21 се блиску, па не е исклучена можноста Крстевски, ако секако задоволи со настапите во иднина да го видиме во селекцијата на Цапар.
ФИЛИП БОШКОВСКИ
Од редовите на Пелистер тука е Бошковски Филип кој беше дел од младинските категории во репрезентација, настапи за домаќините, па можеби и кај него има потенцијал да се наметне.
УСНИ ИСМАЛИ
Одличен натпревар одигра Усни Исмаили кој имаше тешка задача. Мораше да го чува првиот напаѓач на „пандевци“ Мартин Мирчевски кој е и прв стрелец во ПМФЛ и мора да се признае дека задачата си ја заврши одлично, имаше неколку успешни дуели, а на крајот Мирчевски и не ја затресе мрежата.
Исмаили веќе забележа настапи во младинските селекции на Албанија, сепак не е доцна и се уште има можност да почне да настапува за македонската репрезентација. Останува на селекторот дали ќе се обиде да го убеди, нормално ако продолжи со добрите настапи. Инаку во Албанија Исмаили има настапи во У17, 19 и У20 селекциите