Дома Фудбал Италија Кошмарна статистика: Милан е се што не треба да биде!

Кошмарна статистика: Милан е се што не треба да биде!

Еден од најтрофејните и најголемите европски клубови веќе со години пати.

Милан изминатата сезона во последното коло остана без пласман во Лигата на на шампионите и навивачите на клубот кој е втор по трофеи (7) во најелитното европско натпреварување веќе со години сонуваат нивниот тим повторно да заигра во ова натпреварување. За некаква титула во овој момент дури е и смешно да се зборува. Звучи сурово, но во овој момент реалната ситуација е таква.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Оваа сезона почна како најлош кошмар за Милан. Иако летото ветуваше, доведен беше Џампаоло, а ростерот се засили со повеќе (квалитетни!?) играчи. Но, после шест кола Милан има само две победи и дури четири порази. Лекции на славниот клуб му дрежеа Удинезе, Интер, Торино и вчера Фиорентина. Победија само против Верона и Бреша и тоа по 1:0.

Милан сега е 16-ти на табелата со само шест бодови и со еден куп проблеми со кој се соочува. Системот на Џампаоло не функционира, играчите изгледаат безидејно, немоќно, невоиграно. Практично Милан нема никаква игра.

Колку сето тоа е лошо зборува и статистиката. Милан е првиот тим по бројот на црвени картони (3), втор по бројот на жолти картони (18), последен по головите од игра (2), последен по ударите во рамките од голот (16).

Накратко кажано Милан е се она што не треба да биде и веројатно само прашање на време е кога Џампаоло ќе биде сменет.

Ако бараме нешто позитивно тогаш тоа е вчерашниот гол на Рафаел Леао, младиот Португалец кој пристигна од Лил со 20 години и 111 дена стана вториот најмлад стрелец за Милан во Серија А после Алесандре Пато.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Сопствениците на Ливерпул дадоа зелено светло за рекордна понуда за Исак

Сопствениците на Ливерпул одобрија испраќање на рекордна понуда за напаѓачот на Њукасл Але…