Дома Македонски спорт Кошаркарките до 16 години запишаа убедлива победа против Албанија

Кошаркарките до 16 години запишаа убедлива победа против Албанија

Нашата селекција „Под 16“ години стигна и до вториот успех на „Челенџерот“ во Тбилиси. Со убедливи (72:46) е победена и Албанија.

Женската кадетска селекција на Македонија продолжува со добри и успешни игри на на ФИБА „Челенџер“ турнирот во Тбилиси.


Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓


Во второто коло од групата „Е“ од ова натпреварување, избраничките на селекторот Никол Златев славеа сигурна, убедлива победа против соодветната селекција на Албанија

За разлика од првиот меч против Малта, на овој, нашите млади кошаркарки ја најавија својата доминација уште од самиот почеток на натпреварот. По десет минути од играта создадоа сигурбо водство од (19:11), кој до полувремето практично го удвоија.

На одмор заминаа со висока позитива од (34:19). Но не се задоволија со тоа водство. Во продолжението, девојките во црвено-жолта комбинација делуваа уште поибедливо. На противникот му дозволија да реализира само осум поени, дадоа 17, па победникот беше познат откако поведовме и со највисоките (51:27).

Капитенот на нашата селекција, Михаела Алексовска имаше одлично издание кое го заокружи со реализација на 32.поени (12/19 во обидите за два поени), плус и пет освоени топки, четири скока, три асистенции за нецели 30.минути поминати во игра на овој меч.

Двоен број на поени, вкупно 13, имаше и Марија Николов.

По еден ден пауза на турнирот во Тбилиси,, на 13. август, од 17.часот, нашите кадетки ќе ги одмерат силите со селекцијата на Ерменија.

Фото: КФСМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Joнчевски: Натпреварите против Литванија ќе покажат дали сме подготвени за Европско првенство!

Веројатно двата најважни натпревари во квалификациите за Евробаскетот 2025 се пред нашите …