Ненад Костески ја продолжи верноста кон Еурофарм Пелистер и според новиот договор се обврза на соработка до јуни 2025 година.
„Свесни сме за растот на овој ракометар откако пред три години од ППД Загреб пристигна во Битола и задоволство ни е што ќе соработуваме и во иднина. Веруваме дека заеднички ќе се радуваме на многу успеси“, стои во соопштението од битолскиот клуб.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Задоволство од потписот на договорот истакна и самиот Костески.
„Ова ми е трета сезона тука, задоволен сум и се гледа голем напредок во оваа екипа. Клубот од година во година расте и тоа беше главна причина што го продолжив договорот. Се надевам на големи успеси и враќање на титулите во Купот и во домашното првенство во Битола“, изјави Костески.