Дома Трансфер зона Коста ќе замина од Атлетико, но ако потпише за некој од овие три клуба ќе плати казна од 25 милиони евра

Коста ќе замина од Атлетико, но ако потпише за некој од овие три клуба ќе плати казна од 25 милиони евра

Вториот мандат на Диего Коста во Атлетико Мадрид се завршува на неславен начин.

Искусниот напаѓач падна во втор план кај Диего Симеоне, а вчера се појави информација дека побарал раскинување на договорот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Атлетико ќе му овозможи на Коста да си замине, но за фудбалерот ќе има одредени услови. Коста нема да смее да потпише за Реал, Барселона и Севиља. Во случај да замине од Атлетико и потпише за некој од овие три клуба ќе плати казна во износ од 25 милиони евра.

Постои и уште еден услов. Коста ќе плати казна од пет милиони евра ако потпише за некој клуб кој игра во нокаут фазата од Лигата на шампионите.

Од друга страна ако го испочитува договорот и остане во Атлетико во преостанатите шест месеци од договорот клубот ќе му исплати 3.2 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…