Дома Фудбал Останато Копа Либертадорес: Четири лесни парчиња на Фред за пресврт за Минеиро

Копа Либертадорес: Четири лесни парчиња на Фред за пресврт за Минеиро

Во Јужна Америка синоќа беа одиграни четири натпревари од второто коло на овосезонското издание на Копа Либертадорес.

Во групата 1 Атлетико Насионал од Колумбија не успеа да искористи ништо од статистичката предност во поседот на топката од 67% во дуелот против Ботафога, бидејќи Бразилците славеа со 2:0 со головите на Камило и Гиљермо.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во мечот од третата група еквадорски Емелек на својот стадион славене со минимален резултат над Медељин, со што дојде до првите бодови во овогодинешното издание на Копа Либертадорес. Колумбиската екипа остана на дното од табелата без ниту еден бод. Првото место во таа група го држи најпознатото име, Ривер Плата, кој со 4:2 на својот Монументал беше подобар од перуанскиот Мелгар. Дури тројца играчи постигнаа по два гола на натпреварот – за домаќинот прецизни беа Фернандез и Себастијан, а за гостите Емануел Ерера.

Атлетико Минеиро во рамки на седмата група, предводен од бившата ѕвезда на европскиот фудбал славеше над Спорт Бојс од Боливија со 5:2. Првиот погодок за бразилскиот гигант го постигна бившата ѕвезда на Милан, Реал Мадрид и Манчестер Сити, Робињо, а наредните четири гола ги постигна некогашниот центарфор на Олимпик од Лион, Фред, со што спречи изненадување, бидејќи гостите водеа со 2:1 до 72-та минута од натпреварот. Тогаш на сцена настапи некогашниот центарфор на Бразил и за 20 минути ги растури гостите од Санта Круз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Невил убеден: На Гвардиола мора да му ветиле спектакуларни засилувања

Maнчестер Сити е во најголемата криза откако Пеп Гвардиола е во клубот, „граѓаните“ нанижа…