Италијанските медиуми тврдат дека Марсело Брозовиќ наскоро може да го напушти Интер и кариерата да ја продолжи во Премиер лигата.
Имено, силен интерес за хрватскиот репрезентативец покажува Жозе Мурињо, кој сака да го донесе во Тотенхем, а овој пат Интер е спремне да го пушти.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Брозовиќ е стартер во Интер, но Конте не е задволен од неговите перформанси и сака во јануар да направи смена на таа позиција. Тој ќе даде „зелено светло“ за продажба на Хрватот, а негова најголема желба е Нголо Канте.
Брозовиќ има договор со Интер до 2022 година, а „нероаѕурите“ за неговата слобода бараат 40 милиони евра. Мурињо наводно веќе стапил во контак со неговиот агент, а Тотенхем е спремен да понуди 30 милиони евра плус бонуси.