Претседателот на УФЦ Дан Вајт потврди дека Конор веројатно ќе добие прилика за реванш против шампионот во лесна категорија Кабиб Нурмагомедов ако Тони Фергусон ја одбие борбата.
Во Абу Даби Кабиб го совлада Дастин Пориер, а после мечот беше потврдено дека Тони Фергусон ќе биде наредниот ривал на Кабиб.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Тони Фергусон е следен на ред, ако ја прифати борбата“, порача Вајт.
Сепак, така практично потврди дека Конор ќе добие шанса за реванш ако во некој случај Фергусон одбие да се бори, што е навистина тешко да се случи.
„Ако Тони од некоја причина не ја прифати борбата, тогаш ќе одиме понатаму. Но, да борба со Конор има смисла. Мекгрегор силно ја сака таа борба и сигурен сум дека и фановите би сакале да ги видат повторно нив двајца“.
Ќе потсетиме, Кабиб го победи Конор во октомври минатата година после четири рунди.