Во понеделник ќе започне процесот против Манчестер сити по обвинението за 115 прекршоци на финансиските правила на Премиерлигата.
Сослушувањето ќе биде пред независна комисија далеку од очите на јавноста и се очекува целиот процес да трае околу два месеци.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Предвидувањата се дека одлуката дали Сити ќе биде казнет или ќе биде ослободен од обвинувањата да биде објавена во пролетта 2025 година.
Но, исто така и тогаш Манчестер Сити ќе има право на жалба, па одново се ќе прегледува. Како можни казни се споменуваа одземање на бодови, па дури и исфрлање во понизок ранг.