Најскапото засилување на Милан од минатото лето конечно може да дебитира во Серија А и тоа во дербито против Лацио кое е од огромна важност за пласманот во Лигата на шампионите.
Матија Калдара е спремен за прв пат да истрча во дресот на Милан во првенството.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италијанскиот стопер пристигна минатото лето од Јувентус во размена за Леонардо Бонучи и беше проценет на 35 милиони евра, сума која го прави најскап трансфер на Милан во тој преоден рок.
Ќе потсетиме, Калдара Јувентус го обезбеди кога овој стопер одигра одлична сезона во Аталанта и го привлече вниманието на сите клубови. Беше дел од талентираната генерација со Гаљардини, Кристанте, Петања, како и неговите сегашни соиграчи во Милан, Кеси и Конти. Од сите нив Калдара можеби важеше за најголем талент и Јувентус не размислуваше.
Се очекуваше да биде наследник на Киелини, Брзаљи и Бонучи. Јуве на Аталанта и плати 19 милиони евра и го остави уште една година да се развива како позајмен играч.
Кога минатото лето конечно пристигна кај Алегри се очекуваше да добие место покрај Киелини во одбраната и да расте со цел да стане лидер на одбраната. Тогаш се случи шокантна размена со Милан во која Бонучи беше вратен во клубот. Многумина тогаш зборуваа дека Милан помина многу подобро и дека добил стопер за наредните 10 години, но не одеше се според планот за „росонерите“.
Калдара се повреди веднаш на припремите и на деби чекаше до 20 септември кога настапи во натпреварот против Дуделаж во Лигата на Европа. Потоа ја повреди Ахиловата тетива и мораше на пауза од пет месеци. Пред неколку недели започна да тренира и да игра младиниот тим на „росонерите“, а во претходните пет натпревари беше на клупата на тимот на Гатузо.
Сега е конечно максимално спремен и медиумите најавуваат дека Гатузо ќе му даде шанса во натпреварот против Лацио.