Дома Фудбал Конечно добри вести за „топчиите“: Арсенал на чекор од мега-договор, познати бројките!

Конечно добри вести за „топчиите“: Арсенал на чекор од мега-договор, познати бројките!

По низата лоши вести фановите на Арсенал конечно дочекаа и вести кои ќе им се допаднат.

Имено, како што пренесуваат од Островот, Арсенал наскоро ќе стави крај на соработката со компанијата „Пума“.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Според информациите Арсенал, „Пума“ ќе ја замени со „Адидас“, комапнија со која „топчиите“ се многу блиску до договор за соработка и спонзорство во наредните години.

Арсенал пред две години ја прекина соработката со „Најк“ и се одлучи за „Пума“, а сега по две години изгледа доаѓа крајот и на оваа соработка.

„Пума“ е спонзор на Арсенал од 2016 година, договорот е вреден околу 30 милиони фунти по сезона, но „Адидас“ сега е спремен да понуди 50 милиони фунти годишно.

Англиските медиуми истакнуваат дека во „Адидас“ не сакаат да губат време, нудат повеќегодишен договор и сакаат се да биде завршено до почетокот на наредната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Слот останува тренер на Ливерпул, веќе отпиша четири ѕвезди и им порача да си одат

Како што пренесуваат англиските медиуми, ништо нема да биде од доаѓањето на Хаби Алонсо на…