Дома Видео Комичен момент на СП за жени: Шпанска фудбалерка си постигна автогол од половина терен

Комичен момент на СП за жени: Шпанска фудбалерка си постигна автогол од половина терен

Денес започна нокаут фазата на женското фудбалско Светско првенство, а на натпреварот помеѓу Швајцарија и Шпанија видовме еден необичен момент.

Шпанија издоминира и победи со 5:1 во натпревар во кој имаше 70% посед на топка и 25 удари кон противничкиот гол. Сепак, најголемо внимание привлече автоголот кој си постигна Лаја Кодина во 11-тата минута.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Шпанската фудбалерка се наоаѓаше на половина на теренот кога ја врати топката кон својот гол, но не забележа дека голманката е далеку од гол-линијата, па топката заврши во мрежата.

За нејзина среќа Шпанија доминираше, па овој кикс не влијаеше на конечниот исход.

ГОЛОТ МОЖЕТЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ – ТУКА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Погледнете како Рудигер ја исмејуваше Барселона по шокантниот пораз

Барселона загуби на својот „Монжуик“ од Леганес со резултат 1:0 во 17. коло на Ла Лига. Та…