Навивачката група на Вардар „Комити“ во овој период поради неизвесната ситуација со клубот е посебно активна преку социјалните мрежи.
Постојана од нив пристигнуваат апели и пораки да се спаси Вардар и клубот да не остане уште една сезона без Европа. Вардар минатата сезона не доби лиценца за настап во Европа, а истото им се заканува и оваа сезона.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Денес тие се огласија со ново соопштение:
„Играме на најубав и најмодерен стадион на Балканот !
Тренираме на најубавиот и најмодерниот тренинг камп на Балканот !
Имаме најперспективни играчи и најлојални борци. Големи и квалитетни како луѓе, со срца планини ! Нив ги предводи докажан Вардарец и Македонист, Маршал Генералисимус по ранк…
Имаме Црвено – Црна навивачка Армија, која мотивирана може да го наполни Запад до врв ! Имаме се што треба за да ја претставиме Македонија во Европа во најдобро светло !
Дајте ни да играме, за да славиме Титула !
Дајте ни да навиваме, за да се испразниме емотивно, но исполниме душевно !
Дајте ни Лиценца, да не види и чуе Европа !
За вас тоа е можеби малку и незначително, во реалноста тоа е нормално и задолжително, но за нас е воздухот кој го дишеме !“, стои во соопштението.
ФОТО: Комити (ФБ)