Александар Коларов во јануари ќе го напушти милански интер, објавија италијанските медиуми. Коларов кариерата би можел да ја продолжи во Србија, во редовите на Црвена Звезда.
Сезонава под водство на Инзаги Коларов собра само три настапи и управата на миланскиот клуб сака да се ослободи од него на пола година пред крајот на договорот. Во Италија, Коларов настапува од 2017 година кога Рома за пет милиони евра го доведе од Сити.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Минатата година пристигна во Интер за милион ипол евра, меѓутоа во Милано не се наигра.
И во минатиот преоден рок Коларов се поврзуваше со Звезда, а според српските медиуми ситуацијата сега е посериозна.