Kaко што стојат работите, Александар Коларов во јануари ќе го напушти Интер.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Иако изминатото лето Коларов го продолжи договорот со шампионот на Италија, Симоне Инзаги не му дава многу простор за игра и Коларов во актуелната сезона настапи само на четири натпревари.




Според пишувањето на италијанските медиуми, Интер е спремен да го пушти Коларов во јануари така што договорот спогдбено ќе биде раскинат. Во претходниот период Коларов се поврзуваше со враќање во Црвена Звезда.




Од друга страна Интер би можел да доведе сонародник на Коларов. Во прашае е Филип Костиќ кој го носи дресот на Ајнтрахт Франкфурт. За германскиот бундеслигаш Костиќ одигра 21 натпревар, постигна три гола и запиша девет асистенции.




Трансфер на Костиќ е по реално да се очекува на лето, меѓутоа останува да видиме што ќе се случува во овој јануарски преоден рок. Костиќ со Ајнтрахт има договор до 2023 година.