Aлександар Коларов би можел наскоро да ја заврши кариерата.
Имено, италијанските медиуми пренесуваат дека Коларов размислува за заминување во пензија. Со Интер српскиот фудбалер има договор до крајот на сезоната, но не е во плановите на Симоне Инзаги.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Одлуката Коларов би можел да ја донесе во наредниот месец. Во редовите на Интер Коларов пристигна после три години во Рома каде што настпауваше со успех.
Од почетокот на сезоната во Интер настапи само на шест натпревари. Неодамна се појавија информации дека би можел да се врати во Црвена Звезда и во Србија да ја заврши кариерата, меѓутоа сега наводно Коларов е поблиску да каже крај.