Долго време се шпекулираше за иднината на Александар Коларов и можниот крај на кариерата оваа зима.
Србинот имаше понуда веднаш да го раскине договорот со Интер и да започне кариера како еден од скаутите на италијанскиот клуб. Меѓутоа како што пишува „Кориере дело Спорт“ од тоа нема да има ништо и Коларов ќе продолжи да игра до лето.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Коларов ретко добива шанса кај Инзаги, но ќе има прилика да ја одбрани титулата освоена минатата година. Со Интер го освои и Суперкупот, а на почетокот на италијанската кариера освои и куп со Лацио.
Сепак неспоредливи се неговите настапи со времето поминати во Сити кога беше еден од најдобриуте леви бекови во светот. Со англискиот гигант освои две титули шампион, два Лига Купа и ФА Куп.