Дома Останати Ракомет Колапс на големиот проект: Собраа ѕвезди, а сега немаат пари да ги платат

Колапс на големиот проект: Собраа ѕвезди, а сега немаат пари да ги платат

Норвешкиот Клоштад започна голем и скап проект, но уште на стартот се соочуваат со големи финансиски проблем, барем според пишувањата на медиумите во оваа земја.

Клубот ги доведе домашните ѕвезди: Тобјорн Бергеруд, Магнус Гулеруд и Ветле Ек Ага, пото и Исланѓаните Гудјонсон и Смарасон. Летово во тимот треба да пристигнат Сандер Сагосен, Магнус Аблевик Род, Горан Јоханесон...Сепак, сега се појавиле проблеми.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во само две години буџетот за плати на тимот се зголемил за повеќе од шест пати, па сега раководството побарало кратење на платите.

Наводно од ракометните ѕвезди од кои некои се уште се и без прв одработен тренинг било побарано да земат 30% и 20% помали плати. Информациите не се потврдени, меѓутоа норвешките медиуми се повикуваат на извори блиски до клубот.

Ќе потсетиме, Клоштад во Лигата на шампионите ќе игра во група со македонскиот шампион, Еурофарм Пелистер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Познати полуфиналните парови за Ф4 во ракометната ЛШ

Европската ракометна федерација ги одреди полуфиналните двојки за завршниот турнир во Лига…