Кога Ватару Ендо е на теренот, Ливерпул не само што не губи, туку изгледа прилично стабилно.
Јапонецот одигра важна улога во дербито против Манчестер Сити, а англиските медиуми не престануваат да го фалат.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Многумина се согласуваат дека Ендо можеби е најдоброто засилување во последно време за тимот на Клоп, бидејќи пристигна како капитен на Штутгарт и тоа за само 18 милиони евра.
Статистиката јасно покажува дека Јирген Клоп повторно направи одличен избор, бидејќи со Ендо, Ливерпул има седум победи и три нерешени резултати, без ниту еден пораз.
Сега кога заврши Купот на Азија и кога Ендо ја пронајде вистинската форма, нема сомнеж дека Клоп ќе го користи во сите најважни мечеви во Премиер лигата, додека би можел да одмара во ФА купот и Лигата на Европа.
Ако судиме според статистиката, Ендо е неопходен и многу важен дел за Ливерпул во битката за титулата со Арсенал и Манчестер Сити.