Баерн не се откажува од првото место во групата Б од Лигата на шампионите.
Германскиот шампион во последното коло на „Алијанц Арената“ ќе игра против водечкиот ПСЖ, кој има три бода повеќе. Францускиот тим во првиот меч славеше против Баерн во Париз со 3:0, каде стрелци беа Алвеш, Кавани и Нејмар.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Набрзо потоа, Карло Анчелоти заработи отказ, а на клупата се врати Јуп Хајнкес, кој со Баерн во 2013. година ја освои ЛШ, Бундеслигата и германскиот Куп.
Во Минхен не ја заборавија лекцијата на ПСЖ, а Левандовски верува дека неговиот тим во реваншот може да слави со 4:0 и да го освои првото место во групата.
„Секогаш постои можност да се обидеме. Тешко е да се победи ПСЖ со 4:0, но играме дома пред нашите навивачи и верувам дека сешто може да се случи. Ќе понудиме се што можеме. Поседуваме квалитет и ако некој може, можеме и ние“, јасно констатираше Левандовски.
За потсетување, ПСЖ изминатата сезона во првиот дел славеше против Барселона со 4:0 во Париз, но во рњваншот загуби со неверојатни 6:1 и остана без четвртфинале.