Дома Фудбал Англија Кога Катарците ќе станат газди на Манчестер Јунајтед?

Кога Катарците ќе станат газди на Манчестер Јунајтед?

Долго време фудбалската јавност, а посебно навивачите на Манчестер Јунајтед се во исчекување на пристигнувањето на катарските сопственици во клубот.

Пред неколку недели се појави информација дека е постигнат договор, но се уште официјална потврда нема. Шеикот Јасим бин Хамад Ал Тани треба да биде потврден како нов сопственик на англискиот гигант.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Според информациите на англиските медиуми преземањето треба да биде завршено во следните неколку дена. Во трка за преземање на Манчестер Јунајтед, катарскиот милијардер беше со Сер Џим Ретклиф кој сепак се откажа.

Медиумот „Ал Раја“ од катар тврди дека долготрајниот процес би можел да се заврши во текот на оваа недела. Во текстот се додава дека Јасим е сигурен во преземањето на англискиот гигант.

Навивачите пред неколку дена кога клубот ги претстави новите дресови и протестираа пред „Олд Трафорд“ барајќи се да биде побрзо завршено, со цел новото раководство да има време да се фокусира на трансфер пазарот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Битката за Манчестер: „Граѓаните“ во криза, ѓаволите никако да се разбудат

Денес во фокусот ќе биде големото дерби помеѓу градските ривали од Манчестер. „Граѓаните“ …