Македонската фудбалска репрезентација ја очекуваат двата последни натпревари во квалификациите за Европското првенство кои ќе ги играме против исклучително силни селекции како Италија и Англија.
На денешната прес-конференција на која Милевски и истакна дека со задоволство би останал селектор (ТУКА) бидејќи му завршува договорот со овие два натпревари зборуваше секако и за предизвиците кои следат.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Нема лесен или тежок натпревар. Кога играте за својата држава нема разлика дали играте против Англија и Италија или Малта и Украина. Ме радува што имаме млад тим што не краси една позитивна енергија во последно време и се надевам дека така и ќе биде во иднина. Создаваме еден млад тим, ме радува дека момците покажаа дека со право се тука и со право им се дава верба и минутажа на сите нив.
„Ние не сме во ситуација да се штедиме, секој следен меч ни е најважен. Таква е ситуацијата со два тешки меча во краток период. Свесни се играчите дека треба да бидат физички подготвени. Дел од играчите кои се наосители кај нас немаат голема минутажа во клубовите, но ние се обидуваме да го извлечеме максимумот од нив. Што ќе се случува на тој натпревар вториот, ќе размислуваме потоа. Немаме голем ростер на играчи за да ротираме и да се штедиме. Одиме од натпревар во натпревар максимално“, изјави Милевски.