Дома Македонски спорт Mилевски: Би ми било задволство ако и понатаму бидам селектор

Mилевски: Би ми било задволство ако и понатаму бидам селектор

Селекторот на Македонија, Благоја Милевски е пред крајот на неговиот договор и по натпреварите со Италија и Англија кои се последни во овие квалификации ќе се одлучува дали ќе му биде продолжен.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Милевски на позицијата селектор го наследи Игор Ангеловски и негов главен фокус од првиот ден во репрезентацијата е Европското првенство наредната година, но во група со Италија, Англија, Украина и Малта Македонија веќе ги загуби шансите за пласман.

На денешната прес-конференцијата по повод објавувањето на списокот на фудбалери Милевски само истакна дека би му било задоволство и понатаму да е селектор на Македонија, но прашањето останујва отворено.

„Сакам да изразам задоволство за пружените услови, задоволство да се работи со момците тука. Поминаа повеќе од две одлични години и ми беше задоволство и ќе ми биде ако и натаму бидам селектор. Се друго е под знак прашалник. Фокусот сега е насочен кон Италија и Англија, што ќе следи понатаму ќе разговараме по овие два натпревари“, изјави Милевски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Шпанија аплицираше за титулата со победа над Австрија

Репрезентациите на Шпанија и Австрија завршија со резултат 3:0 во Инглвуд, Калифорнија, во…