Вчера популарниот „Трансфермаркт“ ги објави новите вредности на фудбалерите на трансфер пазарот, а под влијание на кризата која ја прави коронавирусот забележан е голем пад.
Така Роналдо од 75 милиони евра сега вреди 60, Нејмар од 160 падна на 128, Мбапе од 200 на 180, Меси од 140 на 112…Ова веројатно е само најава во правецот кој ќе оди фудбалот по кризата и јасно е дека ова лето не треба да очекуваме астрономски трансфери.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Денес проверивме каква е ситуацијата со фудбалерите од репрезентацијата на Македонија и очекувано и вредноста на нашите репрезнетативци е намалена. Кај нас цената е падната на сите освен на голманите Дејан Илиев и Дамјан Шишковски и младиот дефанзивец Марио Младеновски.
Играчот со најголема вредност од актуелните репрезентативци е Елиф Елмас со вредност од 15.5 милиони евра, по него следи Барди со 12 милиони евра останатите се далеку поназад.
ВРЕДНОСТА СПОРЕД ТРАНСФЕРМАРКТ.
Столе Димитриевски – 2.4 милиони евра
Дејан Илиев – 300.000 евра
Дамјан Шишковски – 300.000 евра
Висар Муслиу – 600.000 евра
Кристијан Тошевски – 475.000 евра
Кире Ристевски – 400.000 евра
Дарко Велковски – 400.000 евра
Ѓоко Зајков – 300.000 евра
Марио Младеновски – 150.000 евра
Езгјан Алиоски – 3.5 милиони евра
Стефан Ристовски – 3.2 милиони евра
Бобан Николов – 725.000 евра
Стефан Спировски – 400.000 евра
Елиф – Елмас – 15.5 милиони евра
Енис Барди – 12 милиони евра
Aрјан Адеми – 5.5 милиони евра
Никола Ѓорѓиев – 350.000 евра
Даниел Аврамовски – 650.000 евра
Тихомир Костадинов – 400.000 евра
Александар Трајковски – 1.2 милиони евра
Иван Тричковски – 650.000 евра
Горан Пандев – 325.000 евра
Крсте Велковски – 250.000 евра
Илија Несторовски – 2.8 милиони евра
Влатко Стојановски – 400.000 евра