Дома Останати Кошарка НБА Коби и Венеса секогаш избегнувале двајцата да летаат со хеликоптер?

Коби и Венеса секогаш избегнувале двајцата да летаат со хеликоптер?

Светот се уште се созема од големата трагедија која се случи во неделата во која животот го загуби спортската легенда Коби Брајант.

Заедно со Коби во авионот имаше уште осум лица, вклучувајќи ја и неговата ќерка и ниту еден од нив не го преживеа падот на хеликоптерот.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Брајант хеликоптер како превозно средство користеше уште од времето кога беше играч. Во една прилика тој објасни и дека тоа не го прави за да се фали со своето богатство туку затоа што му било потреба. Во Лос Анџелес владее голем метеж и одењето на тренинзите и натпреварите може да одзема многу време, дополнителен проблем е што во метежот сигурно би се појавиле и фанови кои сакаат да се сликаат и да добијат автограм од големата ѕвезда.

Денес медиумите во САД повикувајќи се на извори блиски до семејството Брајант пишуваат дека Коби и неговата сопруга Венеса имале договор ако е можно секогаш да избегнуваат двајцата да летаат со хеликоптер не сакајќи да ги остават нивните деца без двајца родители.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Најмладиот МВП во историјата на НБА лигата објави крај на кариерата

Ветеранот Дерик Роуз објави дека ја завршува кошаркарската кариера. Најмладиот МВП во исто…