Утре во Загреб ќе биде отворена македонска фан-зоната, која традиционално ги собира сите македонски навивачи кои дојдоа да го бодрат националниот тим.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Утре од 15.00 часот во клубот „Роко” на Јарунска 5 во Загреб, ќе биде отворен просторот за дружење на македонските фанови. Се предвидуваат најмалку 2.000 македонски навивачи за дуелот со Словенија, која исто така ќе има голема поддршка од трибините.
Фан-зоната ќе биде отворена на денот на натпреварите во групата во Загреб, навивачите ќе можат да се дружат, да ја подгреваат атмосферата, да наздрават со пиво и да ги пеат македонски навивачки песни. Предвидена е македонска музика во живо во клубот за време на секојдневната забава.