Дома Фудбал Англија Клоп се жали: На Јунајтед му признаваат голови од офсајд!

Клоп се жали: На Јунајтед му признаваат голови од офсајд!

Менаџерот на „црвените“, Јирген Клоп беше фрустриран после синоќешната елиминација од Лига Купот, па даде изјава не своствена за него.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, Германецот го обвини судијата за елиминацијата од Саутемптон, кој на два пати победи со 1:0 во двомечот.

„Саутемптон заслужено се пласира во финалето. Во еден момент мораше да ризикуваме и Саутемптон тоа го искористи. Немавме среќа, пропуштивме 6-7 чисти позиции, затоа и загубивме“.

„Судијата не виде игра со рака на Лонг, требаше да добиеме пенал. Не знам по кој пат сезоната се случува да сме оштетени во вакви ситуации. Манчестер Јунајтед дава голови од офсајд и им ги признаваат, а нас ни пенал не ни судат“, изјави налутено Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Тотенхем извади рекордна сума и го надмина Манчестер Јунајтед за играчот на Вест Хем

Играчот на Вест Хем Матеуш Фернандеш ќе премине во Тотенхем, откако двата клуба постигнаа …