Дома Фудбал Англија Клоп: Не е лесно, имаме само 14-15 играчи на располагање

Клоп: Не е лесно, имаме само 14-15 играчи на располагање

Tренерот на фудбалерите на Ливерпул, Јирген Клоп после поразот од Јунајтед призна дека е малку загрижен поради ваквиот старт на сезоната.

За Ливерпул ова беше трет првенствен натпревар во новата сезона без победа. Пред поразот на „Олд Трафорд“ тимотн а Клоп ремизираше со Фулам (2:2) и Кристал Палас (1:1).

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Клоп на „Енфилд“ стигна 2015 година и ова му е најслабиот старт во сезоната откако е тренер на Ливерпул. Никогаш до сега од стартните максимални девет бода не освоил само два или помалку.

„Мораме да продолжиме да се бориме и да направиме се за да го задоволиме секој навивач што побрзо. Ситуацијата не е лесна. Имаме проблеми и спо вредите, што сигурно се одрази на располагање имаме само 14 или 15 играчи. Тоа не е пријатно“, изјави Клоп.

Во овој момент Ливерпул е на 16. позиција на табелата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Анчелоти објасни зошто не го викнал Нејмар во репрезентацијата

Шансите Нејмар да игра на Светското првенство во 2026 година се сè помали. Поранешниот клу…