Ливерпул и Арсенал одиграа фантастичен натпревар во осминафиналето на Лига купот, кој во регуларниот дел заврши со резултат 5:5.
И Клоп и Емери на овој натпревар користеа голем број на млади играчи, а тренерот на Ливерпул беше задоволен од партиите на својот младеж, но и воодушевен со напаѓачот на „топџиите“, Габриел Мартинели – кој постигна два погодоци.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
„Нашиот Сеп одигра неверојатен натпревар… Тешко беше да се игра со тие момци од Арсенал. Мартинали од прилика е иста возраст како Ван Денберг, но тој е талент на векот, неверојатен напаѓач поради кој ни беше многу тешко“, изјави Клоп.
Инаку, 18 годишниот Бразилец, Габриел Мартинели летово пристигна во Арсенал, и веднаш ги воодушеви сите со своите настапи. Тој на седум меча за „топџиите“ постигна 7 гола и запиша две асистенции.