Дома Фудбал Останато Клоп ги опиша Роналдо и Меси и се одлучи за еден

Клоп ги опиша Роналдо и Меси и се одлучи за еден

Дебатата за тоа кој е подобар од Роналдо и Меси ќе трае вечно. И Португалецот и Аргентинецот имаат свои аргументи, на оваа тема сега зборуваше германскиот стратег Јирген Клоп.

Тренерот на Ливерпул во разговор за „ЕСПН“ истакна дека ги цени и двајцата, но на напаѓачот на Барселона му даде мала предност.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Јас би го избрал Меси. Ако може да се направи совршен фудбалер тоа би бил играч со висината на Роналдо. Може да скока високо, трча брзо…Покрај тоа ставот на Роналдо кон обврските е совршен и професионален, не може да биде подобар“, изјави Клоп.

Аргентинецот и Португалецот заедно имаат 11 Златни топки, а во последната деценија само Лука Модриќ покрај нив успеа да ја освои оваа награда.

„Меси е низок и се прави со неверојатна леснотија и затоа како играч малку повеќе го сакам. Но, како што кажав и Кристиано е неверојатен“, нагласи Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Потрес во македонскиот фудбал: Бабунски потпиша за Вардар!

Македонскиот фудбалер Давид Бабунски и официјално е нов фудбалер на Вардар, отка…